Дома Фудбал Италија Тоти веќе има понуди, но од почит кон Рома во два италијански клуба сигурно нема да работи

Тоти веќе има понуди, но од почит кон Рома во два италијански клуба сигурно нема да работи

Легендарниот Франческо Тоти кој целата своја кариера ја помина во Рома денес после 30 години го напушти овој клуб.

Тоти после завршувањето на кариерата извршуваше директорска функција во Рома, но денес ги потврди најавите дека ја напушта Рома.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Својата одлука ја соопшти денес на прес-конференцијата во просториите на Олимпискиот комитет на Рим.

„Во последните осум години, откако Американците влегоа, се обидуваа на секој можен начин да не тргнат нас ’романистите“ настрана. Повеќе не гледав смисла во моето работење во клубот“,

„Бев тргнат на страна, не се прашував за ништо. Се обидував да помогнам на било кој начин, но тоа беше само губење време. Поради тоа решив да си заминам, иако Рома е мојот втор дом. На фановите им порачувам да продолжат да навиваат за овој клуб. Ова не е мое збогум, туку довидување. Кога ќе дојдат нови сопственици, ако ме побараат ќе се вратам веднаш“, гласеше изјавата со која Тоти го соопшти заминувањето.

Потоа Тоти откри и дека добил неколку понуди за продолжување на кариерата, но понудите од два италијански клуба нема да ги прифати поради почит кон Рома.

„Нема да останам без работа. Добив неколку понуди од италијански клубови, една пристигна утрово. Ќе ги земам во предвид затоа што сум слободен. Јуве или Наполи? Не, поради почит кон Рома нема да работам во тие два клуба“, заклучи Тоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Иако има 39 години, Кристијано Роналдо не размислува за фудбалска пензија, а медиумите пиш…