Дома Фудбал Останато Тоти: Ако не станев фудбалер ќе работев на бензинска пума

Тоти: Ако не станев фудбалер ќе работев на бензинска пума

Франческо Тоти е вистинска легенда на Рома и легенда на Рим, а сега во интервју за италијанските медиуми откри некои интересни детали од неговата кариера.

Легендата на Рома откри дека претседателот на Сампдорија, Фереро направил се за да го доведе во Сампдорија.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Да, точно е. Фереро навистина сакаше да одам во Сампдорија, направи се за да ме доведе“, откри италијанскиот ветеран.

Интересно е што порача дека доколку не би бил фудбалер би работел на бензинска пумпа.

„Јас ги сакам сите спортови. Прилично сум добар во веслање, знам да играм и тенис, меѓутоа да не бев фудбалер веројатно ќе работев на бензинска пумпа. Многу ми се допаѓа мирисот на бензинот“, изјави Тоти.

Инаку, Тоти неодамна влезе во менаџерските води и отвори агенција за грижа на кариерите на фудбалерите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Што беше ова? Ваков гол не се памети на Емиратес!

Арсенал и Баер Леверкузен моментално играат реванш од осминафиналето на Лигата на шампиони…