Изгледа дека на Кејн му се здодеа.
„Telegraph“ пишува дека по Челзи бил неутешен, навистина го удрело во глава, Тотенхем изгледа дека никогаш нема да биде доволно добар за да ја освои титулата. И не е само тоа, по многу добри натпревари и пофалби последниве години, суров факт е дека „Петлите“ не освоија ништо, немаат трофеј повеќе од деценија.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
И самиот Покетино е разочаран, пред се поради фактот дека навивачите бараат трофеј, бидејќи со овој буџет тешко може да се натпреваруваат. Покетино му соопштил на Леви дека доколку сака да освои трофеј треба да доведе некој волшебник. Тој го продолжи договорот, Реал е заинтересиран за него, со што би го убедил и Кејн да си оди во Шпанија.
Од другата страна, познавајќи го Леви тоа би требало да биде светски рекорд, а ниту Покетино нема да си оди без надомест. Но, незадоволен тренер и најдобар играч се проблем за секој клуб.