Дома Фудбал Тотенхем беше блиску до елиминација, но се спаси со два гола во последните минути

Тотенхем беше блиску до елиминација, но се спаси со два гола во последните минути

Фудбалерите на Тотенхем го совладаа Ковентри Сити со 2:1 во возбудлив натпревар од англискиот Лига куп.

Брендон Томас-Асанте постигна гол за англискиот второлигаш во 63. минута за голема радост на публиката во Ковентри Билдинг Арена.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Но, второлигашот не издржа, попушти во последните минути од натпреварот.

Најпрвин Џед Спенс на асистенција на Кулушевски израмни за Спарси на две минути пред крајот, а конечни 2:1 и пласман во осминафиналето обезбеди Џонсон во 92. минута по асистенција на Бентанкур.

Во вториот натпревар Брајтон триумфираше на домашен терен против Вулвс со 3:2 и се пласираше меѓу најдобрите 16 екипи на натпреварувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дерби на денот: „Топџиите“ ја напаѓаат Божицата

Денес продолжува новата сезона во Лигата на шампиони во нов формат, а еден од најинтересни…