Дома Фудбал Торес: Сите во мојот клас навиваа за Реал, јас бев единствен за Атлетико

Торес: Сите во мојот клас навиваа за Реал, јас бев единствен за Атлетико

Искусниот напаѓач Феранндо Торес ги брои последните денови во Атлетико Мадрид, како што самиот потврди – заминува на крајот од сезоната.

Торес пред еден месец го прослави својот 34 роденден, на големо влезе во поодминати фудбалски години и е свесен дека веќе е време да се раздели со омилениот клуб каде што помина прекрасни моменти.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во кариерата Торес на два пати потпишуваше за Алтетико. Првиот пат го носеше дресот на овој куб во периодот од 2000 до 2007 година, се врати повторно во 2015 година. Вкупно за Атлетико одигра 334 натпревари и постигна 115 голови, а навивачите го обожаваат.

Во едно од своите интервјуа, Торес призна дека од дете навива за Атлетико и дека не му било важно што градскиот ривал Реал бил многу повеќе популарен.

„Добро се сеќавам. Во мојот клас бевме 24 ученици, а од нив 23 навиваваа за Реал Мадрид. Јас бев единствениот кој навиваше за Атлетико. Секогаш го сакав овој клуб“, изјави Торес.

Во својата кариера Торес го носеше дресот уште на Ливерпул, Челзи и Милан, но нема сомневање кој клуб го носи во срцето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Ливерпул вчера официјално потврди дека Вирџил ван Дајк останува на Енфилд и дека го продол…