После десет одиграни кола во Серија А (последниот натпревар ќе се одигра вечерва помеѓу Лацио и Интер) дојде време да се направат некои пресметки.
Јувентус веќе направи разлика од шест бода и тешко дека ќе ја испушти до крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од најзаслужните секако е Кристиано Роналдо, првата ѕвезда на преодниот рок. Португалецот во досегашниот тек од сезоната постигна седум и намести четири гола на десет настапи во Серија А.
За многумина тој е најдобар фудбалер на Апенините во овој момент, но сајтот специјализиран за фудбалска статистика кажува нешто друго.
Фудбалерот на Милан, Сусо е најдобро оценет во досегашниот тек од Серија А. Шпанецот игра важна улога во тимот на Џенаро Гатузо и постигна три погодоци, а асистираше дури седум пати.
Разликата помеѓу нив двајца е само 0.02, но доволна за Шпанецот да биде првопласиран.
Во првите пет се уште и одличниот офанзивец на Удинезе, Родриго де Паул, полското чудо од дете Криштоф Пиатек, но и Бразилецот од Лацио Лукаш Леива.
Интересно што Аталанта има дури тројца претставници во првите десет, а се наоѓа дури на 14-тата позиција.