Дома Фудбал Италија Томори: Кога Малдини ми се јави бев во шок, не можев да верувам дека Милан ме сака

Томори: Кога Малдини ми се јави бев во шок, не можев да верувам дека Милан ме сака

Факијо Томори во јануари се пресели од Челзи во Милан и се етаблираше како еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Томори е значаен дел од тимот на „росонерите“, кои ова лето за да го откупат од Челзи платија 29 милиони евра.

„Кога ми се јави Малдини бев во шок. Не можев да поверувам дека гигант како Милан ме сака. Кога пристигнав и го облеков дресот си реков: „Па ова е вистина, јас играм за еден од најголемите клубови во светот. Многу сум среќен и благодарен што играм за толку голем клуб“, изјави Томори.

„Постојано разговарам со Малдини и тој ми дава совети. Смета дека можам да напредувам уште многу, особено во позиционирањето. Самиот факт дека Малдини и Барези ме гледаат и ми даваат совети за мене е голем стимул“, додаде англискиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познато кога Ѓоковиќ игра натпревар од второто коло на Вимблдон против Циципас

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ во среда го очекува нов предизвик на Вимб…