Дома Фудбал Англија Томас Франк прави „чуда“ со Брентфорд

Томас Франк прави „чуда“ со Брентфорд

Фудбалерите на Брентфорд по којзнае кој пат покажаа дека и понатаму припаѓаат на елитата и дека под водство на Томас Франк уште долго ќе бидат во Премиер лигата.

Брентфорд му одржа лекција и на Ливерпул, откако претходно ремизираше со Тотенхем и го победи Вест Хем на гости, па во празничниот период има импресивни седум од можни девет бода.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Сепак, ова само ја продолжи неверојатната серија која трае уште пред Светското првенство. Во последното коло пред паузата, Брентфорд го победи Манчестер Сити на „Етихад“ (2:1).

Но, тоа не е крајот на одличните резултати против најсилните во Премиер лигата, бидејќи Брентфорд ремизираше со Челзи (0:0), а Френк на почетокот на сезоната му одржа фудбалска лекција на Ерик тен Хаг со победа против Манчестер Јунајтед од 4:0.

Брентфорд е седми на табелата во Премиер лигата со 26 бодови, еден повеќе од Челзи и само два помалку од Ливерпул, а четири помалку од Тотенхем.

За тим кој според буџетот цели да остане во лигата, Брентфорд и оваа сезона е вистински хит на Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Делии“ на посебен начин го пречекаа Марко Арнаутовиќ (Видео)

Српскиот првак Црвена Звезда го одигра натпреварот од второто коло во домашната Суперлига …