Ова лето видовме навистина интересни трансфери во Серија А, а некои од нив беа завршени во последниот ден од преодниот рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Хенрик Микхтаријан пристигна од Арсенал во Рома на едногодишна позајмица во текот на вчерашниот ден, а токму тој е еден од играчите кои доби место во идеалните 11 кои ова лето одлучија да се преселат во Италија.
На голот се наоѓа Пау Лопез кој пристигна од Бетис во Рома за 23.5 милиони евра, а во последната линија се уште Данило, Годин, Де Лихт и Тео Ернандез.
Рамзи и Рабио се наоѓаат пред нив, а тројцата играчи во средината се Лозано, Микхтаријан и Франк Рибери.
Ромелу Лукаку во последниот ден од Англија пристигна во Интер и јасно е зошто тој се наоѓа во врвот на нападот.
Најмногу играчи во овој тим од Јувентус (4), Рома и Интер (2), Наполи, Милан и Фиорентина имаат по еден претставник.
