Стадионот на кој своите натпревари ги игра Спортинг Лисабон го носи името Хозе Алавалде, еден од основачите и официјално прв член на клубот.
Сепак, тоа наскоро би можело да се промени бидејќи португалските медиуми најавуваат дека стадионот на Спортинг наскоро може да добие ново име.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Спортинг наводно е во преговори да го промени името Хозе Алвалде во „ЦР7 Стадион“ или „Алвалде ЦР7“ во чест на Кристиано Роналдо.
Ќе потсетиме, Кристиано Роналдо кариерата ја започна во Спортинг и неговиот пат кон ѕвездите започна токму во дресот со зелено-бела боја. Од Спортинг премина во Манчестер Јунајтед, за потоа долги години да помине во Реал пред ова лето да го засили Јувентус.
Наводно за промена на името започнал да размислувап ретседателот на Спортигн Фредерико Варандас и за таа идеја веќе започнал да разговара со луѓето од таборот на Кристиано. Исто така се наведува дека членовите на управата на клубот ја прифатиле евентуалната промена на името да почека додека не се постигне договор со Кристиано.
Кристиано Роналдо веќе од поодамна е глобален бренд препознатлив во светот и сигурно дека ваквиот потег би му помогнал на Спортинг да ја зголеми својата популарност и да привлече нови спонзори.
Се уште ништо не е точно договорено и останува да видиме дали ваквите најави ќе се остварат.
Во овој момент во Спортинг настапува македонскиот фудбалер, Стефан Ристовски.