Дома Тикет на денот Тикет на денот (четврток, 20.07.2023)

Тикет на денот (четврток, 20.07.2023)

Од минатата седмица, па се до крајот на сезоната, воглавно ќе бидат во центарот на вниманието двата послаби европски купови. Сега се во прашање квалификациите за конференциската лига и се играат реваншите од првото коло. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Милсами – Паневежис – 2 @ 1.99 во Mozzart

Сметавме дека Паневежис ќе победи во првиот меч против Милсами, но за жал тоа не се случи, па сега Молдавците имаат мала предност поради тоа што играат на домашен терен пред своите фанови. Сепак тоа не мора да биде никаква драстична разлика бидејќи не веруваме дека ќе се уплашат Литванците. За Паневежис е најважно што ја освои титулата во Литванија и до следното лето ќе се обидат да стигнат во некој од европските купови. Веруваме дека Паневежис може да слави против Милсами како гостин и предлагаме двојка со квота 1.99 во Mozzart.

Дила Гори – Дунајска Стреда – 2 @ 2.55 во 22Bet


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Предноста која ја имаат Словаците од првиот натпревар не претставува скоро ништо. Само 2-1 беше за Дунајска Стреда и тоа мора да го запали алармот кај вицешампионот на Словачка пред заминувањето во Грузија. Дила Гори повеќе од деценија е на врвот на грузискиот фудбал и скоро секоја година играат квалификации за европските купови, но немаат некои спектакуларни резултати.  Гостите веруваме дека се далеку поквалитетна екипа од Дила Гори, а единствен реален проблем може да биде температурата и влажноста во Грузија. Како и да е, очекуваме 2 со квота 2.55 во 22Bet.

Сараево – Торпедо Кутаиси – 1 @ 1.75 во Bet365

Гледавме одличен натпревар во Кутаиси пред седум дена, особено второто полувреме. Играа Торпедо и Сараeво отворено и ефикасно за гол повеќе, па воопшто не е чуден резултат од 2-2 на крајот на натпреварот. Можеше да има уште голови, но Босанците покажаа дека имаат солиден квалитет и дека се фаворити во дуелот со грузискиот состав во реваншот. Меѓутоа, треба да се внимава на напаѓачите од Торпедо бидејќи се доста квалитетни. На Кошево очекуваме голема поддршка за домаќините, па затоа и се одлучивме да типуваме 1 со квота 1.75 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 8.88

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (недела, 15.12.2024)

Денешната недела е одлична во однос на понудата. Имаме натпревари кои ќе се играат ширум Е…