Денешниот тикет е составен од посиромашна понуда, но тоа е така поради завршницата на Мундијалот. Веќе од другиот викенд ќе имаме зголемена и збогатена понуда. Ова е нашиот предлог за денес.
Мореиренсе – Бенфика – 2/2 @ 1.82 во Mozzart
Во рамките на португалскиот Лига Куп се сретнуваат екипите на Мореиренсе и Бенфика. Домаќинтие досега се покажаа во одлично светло, поточно на два изиграни дуели во рамктие на ова натпреварување запишаа две победи. Ист таков позитивен учинок има и Бенфика која има недостаток на фудбалери поради Мундијалот, но сепак нивниот ростер не е воопшто за потценување. Бенфика е овде огромен фаворит и сметаме дека ќе доминира на овој натпревар. Типуваме 2/2 со квота 1.82 во Mozzart.
Реџина – Бари – ГГ3+ @ 2.55 во Bet365
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Овде имаме дуел на две екипи кои ни доаѓаат од горниот дел на табелата во италијанската Серија Б. Реџина е на второто место и во последните пет дуели има запишано само еден пораз, па слободно може да констатираме дека во овој натпревар влегуваат со одлично расположение. Бари од друга страна е без пораз во тој ист временски период, но во однос на позицијата е подолу од денешниот противник. Од досегашните игри може да заклучиме дека ефикасноста не е проблем за двете екипи, па затоа одлучивме овде да типуваме ГГ3+ со квота од 2.55 во Bet365.