Дома Тикет на денот Тикет на денот (сабота, 17.02.2024)

Тикет на денот (сабота, 17.02.2024)

tiket na denot

Уште една одлична сабота е пред нас во фантастична понуда. Веруваме дека од многуте натпревари ќе ја направиме вистинската комбинација. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Брентфорд – Ливерпул – 2 @ 1.60 во Mozzart

Екипата на Брентфорд благодарение на трите бода кои ги зедоа во последното коло против Волвс се оддалечија од опасната зона. Општо познато е дека врвен приоритет за овој тим е само навремен опстанок и ништо повеќе. За разлика од нив, Ливерпул е лидер на табелата, но Манчестер Сити има 2 бода помалку и исто така натпревар помалку. Овде очекуваме Ливерпул не ги прокоцка трите бода и да победи без поголеми проблеми. Наш предлог е 2 со квота 1.60 во Mozzart.

Нант – ПСЖ – 2 @ 1.50 во 22Bet


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Нант е на втората половина на табелата. Тие беа во резултатска криза, но со победата над Тулуз во последното коло делува дека сето тоа го надминаа и дека ова може да биде почеток на еден подобар период. ПСЖ од друга страна создаде одлична разлика на првата позиција, па повторно во моментов важат за најголеми фаворити за титула и сметаме дека немаат достојна конкуренција во Франција. Ние овде очекуваме Парижаните да земат лесни три бода, а наш предлог тип е 2 со квота 1.50 во 22Bet.

Верона – Јувентус – 2 @ 1.72 во 20Bet

Екипата од градот на љубовта оваа година потфрли и очекуваме до самиот крај на сезоната да се борат за опстанок. Во моментов се на 18-та позиција со четири последователни неуспеси, поточно врзаа две реми и два порази. Гостите пак после одличните резултати и тие започнаа со лоши игри. Најпрво ремизираа против Емполи, а потоа запишаа два порази од Интер и изненадувачки од Удинезе. Како и да е, на овој натпревар Старата Дама е фаворит и предлагаме да изиграте 2 со квота 1.72 во 20Bet.

Хајденхејм – Леверкузен – 2/2 @ 2.00 во Bet365

Како што изминува времето, така екипата на Хајденхејм е се поблиску до целта. За нив приоритет е да бидат на една од сигурните позиции и да остварат само навремен опстанок. Во моментов се на 9-то место со 27 бода, а немаат пораз на последните 9 натпревари што е импресивен податок. Фармацевтите пак се на лидерската позиција и со победата над Баерн во последното коло направија разлика од +5 бода што не е мала работа. Овде очекуваме гостите да победат без поголеми проблеми и типуваме 2/2 со квота 2.00 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 8.26

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (среда, 11.12.2024)

Денес има голема понуда за обложување, но ние ќе ви дадеме одличен предлог Тикет на денот.…