Уште еден ден со фантастична понуда е пред нас. Натпревари има многу, а ние веруваме дека ќе ја направиме вистинската комбинација. Ова е нашиот предлог за денес.
Барселона – Гранада – 1/1 @ 1.73 во Mozzart
Барса некако како да заостана во борбата за титула. Тие немаат кој знае колку голема разлика зад првите две екипи, па веруваме дека нема лесно да се откажат и да се предадат во тој поглед. За противник денес го имаат тимот на Гранада. Гостите се дел од црвената зона и оваа сезона најверојатно ги очекува елиминација и следната година ќе ги гледаме во Сегунда. Барса очекуваме да доминира на овој натпревар и типуваме 1/1 со квота 1.73 во Mozzart.
Штутгарт – Мајнц – 1 @ 1.48 во 22Bet
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Швабите ако продолжат со ова темпо, сигурно е дека ќе земат учество во најелитното фудбалско натпреварување, а тоа за нив би било огромен успех. Имено, овој тим е на 3-та позиција со вкупно 40 бода, а на овој дуел влегуваат со одлично расположение бидејќи запишаа две последователни победи. Мајнц од друга страна игра очајно и е дел од црвената зона, а во 19 изиграни дуели запишаа само една победа и тоа е јасен показател зошто тие се наоѓаат токму на таа позиција. Ние типуваме на овој натпревар лесен 1 со квота 1.48 во 22Bet.
Астон Вила – Манчестер Јунајтед – ГГ @ 1.50 во 20Bet
Во англиската Премиер лига од 17:30 часот ќе се сретнат две екипи со огромни амбиции за оваа година. Астон Вила припаѓа на горниот дел на табелата и се во тесна конкуренција за пласман во Лигата на шампиони, но големо е прашањето колку ќе успеат во тоа. Манчестер игра променливо, но делува дека ја надминаа кризата, а тоа го докажаа со двете последователни победи во последните две кола. Овде решивме да го избегнеме конечниот исход и се одлучивме за тип на голови. Типуваме ГГ со квота 1.50 во 20Bet.
Фиорентина – Фросиноне – 1 @ 1.50 во Bet365
Мора да признаеме дека Фиорентина попушти во последно време, но благодарение на добрата бодовна залиха, тие се уште се во трка за пласман во европските купови. Зaд себе имаат четири последователни неуспеси од кои три првенствени и еден пораз од Наполи во рамките на Супер купот. Фросиноне во минатото коло изигра интересен натпревар против Милан, но на крајот останаа со „празни раце“, па во моментов се наоѓаат на 14-та позиција. Фиорентина не би требало да се соочи со проблеми на овој натпревар, па ние одлучивме да типуваме 1 со квота 1.50 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 5.76
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk