Дома Фудбал Англија Тиаго Силва во четврток на лекарски прегледи?

Тиаго Силва во четврток на лекарски прегледи?

Искусниот дефанзивец Тиаго Силва после финалето во ЛШ стави точка на својата осумгодишна авантура во Париз.

ПСЖ го “ослободи“ Силва и Бразилецот тргна во потрага за нови предизвици, а ги пронајде во Челси.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Иако сериозно се поврзуваше со Фиорентина, лондонскиот тим бил поконкретен и Силва наскоро би требало да биде претставен како ново засилување на Стемфорд Бриџ.

Скај Спорт пишува дека во ПСЖ размислувале во последен момент да му понудат нов договор, но веќе било доцна бидејќи Бразилецот веќе постигнал договор со Челси.

Наводо, Силва во четвртокот ќе ги помине лекарските прегледи после што ќе потпише договор за Челси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачите на Интер во невидена паника! Титулата може да избега поради денешните вести

Голем проблем за Интер е потврден денес! Имено, капитенот Лаутаро Мартинез повторно е повр…