Дома Останати Тенисот во жалост – Почина легендарната тенисерка

Тенисот во жалост – Почина легендарната тенисерка

Легендарната тенисерка почина на 52 годишна возраст после долго и тешко боледување.

Јана Новотна, шампионката во дабл неколку години се бореше со ракот, а во неделата ја загуби битката со оваа тешка болест.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Јана беше инсипрација, како на теренот, така и надвор од него, тоа го знаат сите кои имаа прилика да ја запознаат. Нејзината ѕвезда засекогаш ќе блеска во ВТА историјата“, изјави Стив Сајмон, извршниот директор на ВТА.

Новотна во 1998 година го освои Вимболдон победувајќи ја Натали Този во финалето и тоа беше нејзиниот најголем успех во кариерата.

Во дабл освои 16 Грен слем титули (четири на Вимболдон, три на Ролан Гарос и УС Опена, два на Австралија Опен).

Со репрезентацијата на Чехословачка во 1998 година освои две олимписки сребра во дабл, како и една бронза во сингл.

Во куќата на славните влезе во 2005 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ забележа нов пад на АТП-листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се најде на пониска позиција и на денес објавената АТП-лист…