Ракометарите на Еурофарм Пелистер Ненад Костески и Павле Атанасиевиќ на последниот натпревар од ЛШ против екипата на Колштад се здобија со повреди поради кои нема да можат да настапат на саботниот натпревар со ГРК Тиквеш.
Во тек на вчерашниот ден веднаш после пристигнување на екипата во Битола, направени се детални медицински прегледи на кои е утврдено дека повредата на Ненад Костески е од потешка природа. Се работи за кинење на преден вкрстен лигамент на десното колено. Костески во наредниот период ќе мора да се подвргни на хирушка интервенција и подолга рехабилитација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кај Павле Атанасиевиќ констатирано е фрактура на носна коска. Утрово превземена е соодветна медицинска постапка со која е санирана дислокацијата. Очекувањата се дека Атанасиевиќ на терените ќе се врати за три недели.