Дома Фудбал Репрезентации Тежок удар за Германија пред стартот во Лигата на Нации

Тежок удар за Германија пред стартот во Лигата на Нации

Германскиот голман, Марк Андре Тер Штеген нема да биде во составот на селекцијата на Германија за првиот дел од Лигата на Нации во јуни, соопшти денес селекторот на Германија, Ханси Флик.

После разговорот со селекторот голманот на Барселона одлучил да направи пауза пред почетокот на наредната сезона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Марк е еден од најдобрите голмани на светот. Меѓутоа поради повреда не успеа да ја искористи летната пауза за опоравување во изминатите две години. Следи Светското првенство во Катари  затоа двајцата се сложивме дека му е потребна пауза од играње и тренирање после оваа сезона“, изјави германскиот селектор.

Германија на 4. јуни во Болоња ќе се сретне со европскиот шампион Италија, три дена подоцна ќе играат против Англија во Минхен, а потоа и гостуваат на Унгарија. Јунскиот дел од Лигата на Нации Германија ќе го заврши со натпреварот против Италија на 14. јуни во Минхенгладбах. Двата преостанати натпревари ќе се играат во септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …