Легендарниот боксер Мајк Тајсон е голем љубител на тенисот, поради неговата ќерка која е голем талент.
Тајсон откри дека негов омилен тенисер му е Новак Ѓоковиќ и дека обожава да го гледа српскиот тенисер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Сакам да го гледам Новак Ѓоковиќ, тој ми е омилен тенисер. Погледнете како се врати од повредата пред неколку години и на кој начин игра со Надал и Федерер“, вели Тајсон.
„Тенисот ми го промени животот. Мислев дека знам се и дека конечно успеав во животот кога почнав да заработувам сериозни пари. Сепак, ништо од тоа не е поголемо од тенискиот успех на ќерка ми. Таа е поважна од се. Гледам дека станува нешто што никогаш не би била без тенис. Таа има голема самодоверба и тоа ми се допаѓа“.