Дома Фудбал Останато Таткото на Нејмар не успеа да ја измами Барселона, но ПСЖ сето тоа скапо го плати

Таткото на Нејмар не успеа да ја измами Барселона, но ПСЖ сето тоа скапо го плати

Бразилскиот фудбалер Нејмар во летото 2017. година стана најскапиот играч на сите времиња откако што од Барселона се пресели во ПСЖ за неверојатни 222 милиони евра.

Нејмар по четири сезони одлучи да го напушти каталонкиот клуб откако што ПСЖ ја активираше неговата откупна клаузула. Сепак, Бразилецот не се раздели со Барелона на најдобар начин, бидејќи сето тоа го направи неговиот татко кој го тужеше клубот откако што не му беа исплатени 26 милиони евра за „лојалност“.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Се разбира, Барселона одби да ги исплати тие пари, а на крајот и ФИФА одлучи да пресуди во корист на Каталонците. Меѓутоа, таткото на Нејмар на крајот не беше обвинет, бидејќи слична сума на пари доби од ПСЖ. Францускиот клуб прво на Барса и плати 222 милиони евра, а потоа и 30 милиони евра на сметката на таткото на Нејмар.

Тие на тој начин сакаа да го наградат со бонус, бидејќи токму тој беше најзаслужен што неговиот син се пресели во ПСЖ. Но, на крајот звучи речиси неверојатно дека Нејмар го чини ПСЖ дури 252 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“: Гвардиола го напушта Сити

Манчестер Сити на крајот од сезоната може да остане без Пеп Гвардиола. Неговиот договор ис…