Дома Фудбал Останато Таткото на Компани испиша историја во Белгија!

Таткото на Компани испиша историја во Белгија!

Таткото на капитенот на Манчестер Сити, Винсент Компани стана првиот градоначалник во историјата на Белгија со црна боја на кожата.

Пјер Компани вчера беше избран за градоначалник на Грансхорен, град со 25.000 жители во близината на Брисел.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


71-годишниот Пјер Компани е роден во Конго од каде емигрирал во Белгија во 1975 година.

Изборите се одржаа во неделара, а партијата на Компани победи и таткото на фудбалерот беше избран за градоначалник.

„Тато горд сум на тебе. Од азилант кој се борел за својот живот до влегување во историјата на Белгија“, напиша Винсент Компани на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Енрике збесна и го грабна Педро за врат, а потоа го удри во лице (Видео)

Челси ја комплетираше својата блескава кампања со убедлива победа од 3-0 против ПСЖ во фин…