Репрезентативецот на Македонија Филип Талески како што е познато ќе игра во дресот на Вардар наредната сезона, а уште пред да го облече успеа да ги налути навивачите на црвено-црните.
Имено, на социјалните мрежи се појави видео на кое Талески заедно со уште неколкумина колеги од националниот тим на цел глас ја пее песната на ривалот на Вардар, Металург. Талески е во друштво на Мартин Томовски, Филип Кузмановски и Жарко Пешевски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По ова видео следуваа жестоки реакции на „Комитите“, иако постои можност видеото да е направено пред Талески да потпише за Вардар.
Сепак од фан страната објаснуваат дека според нив видеото сигурно е направено во текот на вчерашниот ден.