Дома Фудбал Останато Тажна вест: Почина поранешен црногорски репрезентативец со бурно минато

Тажна вест: Почина поранешен црногорски репрезентативец со бурно минато

Mиленко Нериќ, поранешен фудбалер на Сутјеска и младински репрезентативец на Црна Гора почина по кратко боледување на 36-годишна возраст, објавија црногорските медиуми.

Нериќ целата своја кариера ја помина во Црна Гора, а покрај Сутјетска каде што ги направи првите фудбалски чекори играше уште за: Бара, Руидар, Челик, Беране и Бокељ каде што во 2016 година ја заврши кариерата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Краток период беше дел и од младинската репрезентација на Црна Гора. Медиумите пишуваат и дека зад себе имал прилично бурно минато.

Во 2013 година како 25-годишник влегол во физичка пресметка пред ноќен клуб од која едвај се спасил. Нериќ тогаш бил ранет во раката, а за нападот бил уапсен Андрија Марковиќ. Потоа во 2018 беше уапсен поради местење натпревари, но подоцна и ослободен откако полицијата не пронајде доволно докази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Две лица во последен момент не се качиле во комбето со навивачи на ПАОК

Грција ја потресе веста за страшната сообраќајна несреќа во Романија, во која животот го з…