Амбасадорката на Светското првенство Русија беше прогласен за мис на оваа држава, го сака фудбалот, а беше и во врска со најдобриот руски репрезентативец.
Се наближува Мундијалот во Русија кога целата спортска јавност своето внимание ќе го насочи кон овој спектакл. Набрзо фудбалските фанатици ќе може да ја погледнат ждрепката која на 1 декември ќе се одржи во Кремљ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сеуште не е познато кого Русите ќе го изберат да ги извлекува топчињата, но сигурно дека домаќинка на целата церемонија ќе биде Викторија Лопирева која е амбасадорка на овој Мундијал.
Не е исклучена можноста токму таа да биде онаа која ќе ги извлекува топчињата бидејќи на претходните ждрепки убавци од земјата каде што се одржуваше ги читаа имињата на репрезентациите.
Лопирева исто така беше во врска со најдобриот руски стрелец Фјодор Смолов.