Дома Македонски спорт Мак фудбал „Суспендираниот“ судија кој го „ограби“ Вардар доби ново делегирање

„Суспендираниот“ судија кој го „ограби“ Вардар доби ново делегирање

Минатиот викенд голема прашина кренаа судиските одлуки на натпреварот помеѓу Гостивар и Вардар кога црвено-црните буквално беа ограбени. Фудбалската Федерација на Македонија по тој натпревар објави дека судиите од тој дуел ќе бидат суспендирани, но само неколку дена подоцна тие се делегирани за натпревар во Третата лига.

ФФМ во редовниот извештај за судиите ги призна грешките на Влатко Илиоски кој поништи чист гол на Вардар, а потоа досуди непостоечки пеналп пред полувремето, а најголемиот кикс заедно со вториот помошник го направи кога досуди непостоечки офсајд.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Илоски е делегиран за натпревар од Третата лига Југ во дуелот Динамо – Превалец. Суспензијата за Вардар секако беше мала уеха, важни беа бодовите, а ова сега сигурно дополнително ќе ги налути во Вардар.

Сигурно дека по ваквиот развој на настаните се очекува и нова реакција од Вардар кој по тој натпревар бараше самораспуштање на целото раководство на чело со претседателот Муамед Сејдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…