Во наредниот период во Турција нема да се игра фудбал. Властите во оваа земја донесоа ваква одлука по скандалот во кој претседателот на Анкарагучу, Фарук Коч во вчерашниот натпревар влезе на терен и го нокаутираше судијата.
Коч по завршувањето на натпреварот влезе на теренот и прво го удри судијата со бокс, а потоа продолжи да го удира со клоци додека судијата лежеше на тревникот.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Фудбалската федерација веднаш излезе со соопштение дека првенството се суспендира на неодредено време.
„Ова не е само напад врз судијата, ова е напад врз комплетниот турски фудбал. Сите што се вмешани во инцидентот, од газдата на клубот, па се до навивачите ќе добијат најостри казни“, соопштија од федерацијата.