Суперкупот е настан кој ќе биде голем импулс и мотивација за развој на фудбалот во нашата земја и секако во регионот, а воедно и одлична можност Македонија да се промовира и афирмира пред светската јавност.
Ова го изјави претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски, кој ја потврди шансата за афирмација на Македонија, што би донело повеќекратна корист за државата на долг рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Со добивањето доверба да бидеме домаќини на настанот кој го следат милиони луѓе ширум светот, нашата организација станува чувар на националниот идентитет и горди сме што УЕФА ја препозна нашата посветеност за фудбалот и подготвеноста да бидеме одлични организатори на големиот спортски настан“, изјави Ѓорѓиоски.
Инаку, се стеснува изборот на екипи кои би настапиле во Скопје на Супер куп 2017. Најмногу се посакуваат Манчестер Јунајтед од Лига Европа, Реал Мадрид или Јувентус од ЛШ.
А со доделената организација на Суперкупот во 2017 година во кој ќе настапат освојувачите на Лигата на шампиони и Лига Европа во сезоната 2016/2017, бенефитите за домашната економија се огромни.
Меѓу 15 и 20 милиони евра е прогнозираниот износ на средства што ќе се слеат од активностите на посетителите во периодот на одржување на Суперкупот кон македонските ноќевалишта, ресторани, културни знаменитости, компании што нудат транспортни услуги, шопинг центри и останати трговци.
Ова се проценките на реномираниот портал „Маркетинг 365“, кои велат дека износот може да варираа согласно дестинациите од каде што доаѓаат туристите, односно стандардот во нивната матична земја. Токму затоа и најпосакувани се англичаните со Манчестер Јунајтед.