Селекцијата на Португалија предводена од својот најдобар фудбалер Кристиано Роналдо кој беше стрелец на единствениот гол стигна до победа против Мароко од 1:0.
Најинтересниот детал од оваа се случил на полувремето.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Имено, во фудбалскиот свет се појави информација дека главниот судија на натпреварот, Марк Геигер го побарал дресот на Кристиано Роналдо кога фудбалерите се упатувале кон соблекувалната.
Разочаран од таквиот потег беше и репрезентативецот на Мароко, Нордин Амрабат.
„Навистина не знам што бил во минатото, единствено што знам е дека денес беше премногу импресиониран од Роналдо. По натпреварот од соиграчот на Роналдо, Пепе дознав дека судијата на паузата го побарал дресот од Роналдо. Кога тоа е се случило, што правиме ние тука? Ова не е Мундијал – ова само еден циркус“, жесток беше Амрабат.