Дома Македонски спорт Мак фудбал Струга со уште еден пораз од Слован се прости од ЛШ

Струга со уште еден пораз од Слован се прости од ЛШ

Македонскиот шампион Струга доживеа пораз од 2-1 од Слован Братислава и со вкупни 6-3 е елиминирана од квалификациите за Лигата на шампионите.

Сега Струга ќе продолжи во квалификациите за Конференциската лига, каде ќе игра против ерменскиот тим Пјуник.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


По само девет минути игра Вајс даде гол за водство на Слован од 1-0. Во 34-та минута Кире Ристевски си постигна автогол за предност на словачкиот тим и од 2-0.

Во завршницата, Басиру Компаоре постигна почесен гол за Струга ТЛ во 85.минута. Тој со удар со глава ја затресе мрежата на Слован Братислава по центаршутот на Масааки Такахара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…