Меѓународниот Институт за историја и статистика (ИФФХС пред два дена објави ранг листа на најдобрите 400 клубови во светот, а на оваа листа место имаше само за два македонски клуба.
Во топ 400 според ИФФХС се само актуелниот шампион Струга Трим Лум и Шкендија. Струга е убедливо најдобро пласирана на 251. место со 71.5 поени и тоа е подобар ранкинг од Фулам, Левски, Бреидаблик, Ал Итихад, Валенсија…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со 55 поени на дното на листата од 400 клуба на 396. позиција со 55 поени се најде Шкендија.
На врвот е Манчестер Сити, а во топ 10 се уште: Реал Мадрид, Интер, Порто, Ал Ахли, Фламенго, Манчестер Јунајтед, Палмеирас, Фиорентина, Наполи.
Со најдобар ранкиг од регионот може да се пофали Црвена Звезда на 71. место.