Дома Фудбал Италија Стротман: Не е точно дека заминав од Рома поради Нзонзи

Стротман: Не е точно дека заминав од Рома поради Нзонзи

Холандскиот фудбалер Кевин Стротман, можеби изненадувачки, на крајот од преодниот рок ја напушти Рома и потпиша за Марсеј, кој го плати 28 милиони евра.

После многу години поминати во италијанската престолница, Стротман се одлучи на нов чекор во кариерата и вчера за прв пат зборуваше за медиумите како член на Марсеј.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Среќен сум што станав член на овој голем клуб. Разговарав со тренерот, претседателот и спортскиот директор и од сите служнав дека ме посакуваат. Ја прифатив понудата, ми се допаѓа проектот и дојдов овде да му помогнам на Марсеј во остварувањето на своите цели.“ – изјави Стротман.

Можеби е случајност, но Стротман од Рома замина непосредно по доаѓањето на францускиот фудбалер Стивен Нзонзи кој игра на истата позиција.

„Не заминав поради неговото доаѓање. Нормално е секој клуб да се засилува, па така и Рома која ова лето донесе многу играчи. Конкуренцијата во екипата е нормална работа, но заминав од причина што проценив дека дојде време за неа. Поминав во Рома пет години.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ова дефинитивно боли: Срамот на Ливерпул беше прикажан во 85-та минута (Фото)

Секогаш се вели дека навивачите на Ливерпул се најлојални и дека нивната љубов кон клубот …