Дома Фудбал Лига на шампиони Стротман: Имаме посебна тактика за Салах, но не прашувајте детали

Стротман: Имаме посебна тактика за Салах, но не прашувајте детали

Кевин Стротман, фудбалерот на Рома, знае од каде доаѓа најголемата опасност кога е во прашање Ливерпул.

Рома во вторник гостува на Енфилд во првиот натпревар од полуфиналето во ЛШ, а сите очи се вперени кон Мохамед Салах. Најдобриот играч во Премиер лигата и прв стрелец во Европа е главниот адут на Црвените, но Стротман тврди дека и за него постои тактика.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Изненаден сум колку постигна голови, но не сум изненаден како игра. Овде беше ноќна мора за противниците, а еве и во Англија ги работи истите работи. Има голема самодоверба, направи и во репрезентацијата голем успех.“ – изјави Стротман и додаде:

„Се надевам тоа нема да му успее против нас и дека ќе биде лош. Имаме посебна тактика за Салах, но нема да открија детали. Меѓу останатото, италијанската одбрана е добро позната во светот.“

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Фудбалерот кој требаше да биде големо засилување за Милан не ги поминал лекарските прегледи

Преместувањето на Виктор Бонифејс од Баер Леверкузен кон Милан беше речиси завршена работа…