Дома Македонски спорт Мак ракомет Стојановиќ заминува, Металург бара нов тренер

Стојановиќ заминува, Металург бара нов тренер

Екипата на Металург одлучи да ја прекине соработката со тренерот Дамир Стојановиќ и тоа само после три официјални натпревари.

Стојановиќ имал различно размислување со управата на Металург, па како минувало времето разликите станувале поголеми и на крајот поради тоа се договориле за разделба.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Не се знае кој ќе биде наследникот на Стојановиќ, но се очекува клубот од Автокоманда брзо да ја најде неговата замена.

Кондицискиот тренер Марко Шешум кој дојде заедно со Стојановиќ останува во Металург, исто како и Петар Мисовски кој работи како тренер на голманите.

Во трите натпревари од Суперлигата Металург има две победи и реми со Тинекс Пролет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…