Дома Македонски спорт Мак фудбал Стопиран фудбалот и кај нас!!

Стопиран фудбалот и кај нас!!

Коронавирусот стопираше скоро се во Европа, па така е стопиран и фудбалот кај нас.

Фудбалската федерација на Македонија денес објави соопштение во кое порачува дека поради превентива на неодредено време ги прекинува првата, втората и третите лиги во македонскиот фудбал. Освен тоа стопирани се и натпреварите од женскиот шампионат и првенството во футсал.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Натпреварувачката комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за прекин на неодредено време на Националниот шампионат од Прва и Втора МФЛ, потоа Третите лиги од МФЛ, како и натпреварите од женскиот шампионат и првенството во футсал.

Одлуката е донесена по последните препораки и забрани од Министерството за здравство за превенција од вирусот COVID – 19, кои опфаќаат забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници – концерти, театри, кина, спортски сали, теретани. Претходно, согласно препораките и забраните од Владата на Македонија за превенција од вирусот COVID – 19 , Комисијата за младински фудбал донесе одлука сите натпревари од младите категории и натпреварите од Детските лиги на ФФМ да се суспендираат во наредните две седмици“, стои во соопштението од ФФМ. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…