Вардар повторно ја израдува македонската јавност и одново ќе игра финале во Лигата на шампионите!
После првото полувреме се најавуваше катастрофа бидејќи Вардар губеше со седум гола разлика. Милосављев одбрани 13 топки, но црвено црните имаа проблеми со реализацијата. На полувреме се замина со дури седум гола предност за Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но во второто полувреме Вардар успеа чудесно да се врати и на крајот да победи со два гола разлика.
После мечот изјава даде и Стојанче Стоилов кој го постигна последниот гол на натпреварот.
„На полувреме немаше некој посебен говор. Верувавме дека можеме да се вратиме. Според мене неправедно губевме со седум гола разлика. Во второто полувреме среќата се сврте на наша страна и на крај ни се отвори шанса за победа која ја искористивме“.
„Ние го победивме најдобриот тим во Европа, сега Веспрем нека мисли за нас, нема што ние да мислиме. Ќе влеземе максимално спремни за да се обидеме да победиме и во тој натпревар“.