Дома Македонски спорт Мак ракомет Стоилов: Да не се лажеме – Веспрем е апсолутен фаворит

Стоилов: Да не се лажеме – Веспрем е апсолутен фаворит

Пред неделниот натпревар со Веспрем капитенот на Вардар Стојанче Стоилов беше искрен и кажа дека противникот е апсолутен фаворит во овој натпревар.

„Не очекува натпревар со Веспрем, последен натпревар од оваа полусезона во Лигата на шампионите. Нема многу што да се каже, сите знаеме каква е ситуацијата. Да не се лажеме Веспрем е апсолутен фаворит, наше е да излеземе и да се бориме“, изјави Стоилов.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Капитенот потоа доби прашање за проблемите со одбраната.

„Сите што играме влечеме повреди. Голманите реално не се на ниво, но тие не се виновници. Играме со тоа што имаме. Во нормална ситуација сигурно не би играле на ваков начин“, одговори Столе.

Натпреварот помеѓу Вардар и Веспрем се игра во недела од 17:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Пелистер се спаси од пораз: Хосни во последна секунда погоди против Алкалоид (Видео)

Актуелниот ракометен шампион Пелистер освои голем бод на гостувањето кај Алкалоид во Авток…