Стипе Миочиќ е нов УФЦ шампион во тешка категорија.
Миочиќ го победи Даниел Кормиер со нокаут во четвртата рунда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После три рунди борба не изгледаше добро за Миочиќ. Кормиер беше доминантен и имаше предност на судиските картички.
Меѓутоа како да се појави нов Миочиќ во четвртата рунда. Тргна да го удира противникот во тело, Кормирер потоа се отвори и во тој момент следуваше нокаут со кој Миочиќ дојде до победа.
Одлично враќање на Миочиќ после повеќе од една година и титулата повторно е негово.
Победи со едногласни одлуки на судиите славеа: Нате Диаз против Ентони Петиз, Пауло Коста против Џоел Ромеро, Дерек Брусон против Јан Хеинч.
Единствени нокаут имаа уште Содик Јусуф кој го сруши Габриел Бентиез и Кам Ворти против Девонте Смит.