Барди со својот Леванте во текот на вчерашниот ден успеаа да избегнат пораз во Примера против Депортиво Ла Коруњи.
Леванте се врати од 0:2, а прекрасен гол од слободен удар во овој натпревар постигна македонскиот интернационалец, Енис Барди, кој воедно беше и најдобар поединец на шпанскиот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хуан Рамос Лопез Муњиз, кој е тренер на Леванте имаше само пофални зборови за „македонскиот Жунињо“ и Барди го смести помеѓу најдобрите изведувачи на слободни удари во Примера. Тоа секако е огромна пофалба, ако се знае квалитетот на шпанската лига.
„Нашите противници веќе се стравуваат кога Барди се мести да изведе слободен удар, без никакви дилеми тврдам дека ние го имаме еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во Примера“, истакна стратегот на шпанскиот прволигаш.
Во продолжение да се потсетиме на фантастичниот гол на Барди против Депортиво.