Анте Ребиќ по само четири месеци минати во Милан, би можел да се врати назад во Ајнтрахт Франкфурт.
Хрватскиот фудбалер дојде во таборот на „росонерите“ како големо засилување, но ретко кога добива шанса, и затоа се разгледува можноста за враќање во Бундеслигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој е позајмен во Милан на две години, со можност да се откупи неговиот договор, меѓутоа има и клаузула која вели дека Ајнтрахт Франкфурт може да го врати во било кој преоден рок во првата година од позајмицата, доколку Милан го дозволи тоа.
Денес стигна и потврда од тренерот на Ајнтрахт, Ади Хутер, кој истакна дека веќе имал средба со Ребиќ и дека сигурно ќе се врати во клубот.
? #Milan – Deciso già il futuro di #Rebic: l'annuncio di #Hutter
— calciomercato.it (@calciomercatoit) December 18, 2019
? #CMITmercato https://t.co/dhpZDj5l6M