Дома Фудбал Италија Стигна потврда: Еве кој во Јувентус одлучува за слободните удари

Стигна потврда: Еве кој во Јувентус одлучува за слободните удари

Aко некој се сомневаше сега стигна потврда – во Јувентус за слободните удари одлучува Роналдо.

Миралем Пјаниќ во разговор за „Тутоспорт“ откри како стојат работите околу слободните удари во Јувентус.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Многумина му замеруваат на Роналдо што и понатаму форсира да изведува слободни удари иако долго време не постигнал гол и има многу послаб просек од Дибала и Пјаниќ.

„Роналдо нема проблеми, на тренинг постигнува голови, имаме добри шутери. Дибала лево, Роналдо и јас десно. Крис има посилен удар, но знае да добро да шутне и кога прекршокот е поблиску. Со Роналдо нема проблем, ми кажа дека кога и некој да сака да шутне слободен тоа да го направи. Сепак, јас се сложувам со него и немам проблем Роналдо да одлучува“, изјави Пјаниќ кој важи за еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Официјално: Кардиф ќе го отвори ЕУРО 2028, финалето ќе биде на „Вембли“

Иако квалификациите сè уште не се започнати, веќе е познато дека отварањето на ЕУРО 2028 ќ…