Иако има само пофални зборови, смета дека соработката не би била паметен потег.
Синот на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, Џовани блеска во италијанската Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од кога во 2016 годиан пристигна на Апенините, Џовани постигна 29 погодоци играјќи за Џенова и Фиорнетина.
Сега заигра и за репрезентацијата на Аргентина и се повеќе се зборува за негов трансфер во поглем клуб.
Тотенхем покажуваше интерес за неговите услуги, а постоеа и гласини дека „Чолито“ би можел кај својот татко во Мадрид, но тоа според Симеоне не е добра идеја.
„Мојот син има се што е потребно да заигра за мене, но никогаш нема да го доведам. За жал нема да потпишам со него, не сакам во целост да ја отфралам таа можност, но би ми било многу тешко да го имам во соблекувалната“.
„Би било тешко и за него, за мене, за нашиот однос, а и покрај тоа него му оди одлично во Италија, можеби кога јас нема да бидам во Атлетико тој ќе дојде“, јасе беше Симеоне.