Aтлетико Мадрид на Диего Симеоне во вчерашниот натпревар против Рајо Ваљекано успеа да слави победа со гол во завршницата од натпреварот.
Но, Симеоне и друштвото немаат премногу време да се радуваат на триумфот поради гутиот распоред. За Атлетико сега следи третото дерби против Реал Мадрид во период од еден месец, додека во среда ги чека куп натпреварот против Атлетик Билбао.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ваквиот распоред носи незадоволство кај Симеоне кој не го криеше и го критикуваше раководството на Ла Лига.
„На овие работи гледам од гледиште на фудбалски фан. Ла Лига почитува непочитување кон, непочитување кон Атлетико и сите кои го сакаат. За мене неправедно е толку важен натпревар во Шпанија да се закаже во услови кои му даваат предност на едниот тим.
Еден ден разлика е нешто разбирливо, но два се премногу. Има голема разлика кога еден тим се подготвува пет ден, а другиот три“, изјави Симеоне.