Ливерпул во вчерашниот натпревар на „Енфилд“ ја совлада Рома во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите со резултат 5:2 и така направи голем чекор кон финалето кое ќе се игра наредниот месец во Киев.
„Црвените“ иако имаат добра победа од 5:2 истата можеше да биде и поубедлива. Ливерпул на само десетина минути пред крајот водеше со 5:0, меѓутоа во финишот погодуваа Џеко и Пероти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Стив Никол после натпреварот изјави дека Дејан Ловрен е главниот виновник што резултатот не останал 5:0. Хрватскиот фудбалер направи голема грешка при првиот гол на Рома кога Џеко одлично ја прими топката и ја затресе мрежата на Кариус.
„Водите со 5:0 и се чека само да ја приведете работата кон крајот и тогаш господинот Ловрен прави „паметна“ одлука. Испадна како дете во таа ситуација. Пеналот е нешто друго и тука немавме среќа. Се чуствувам ужасно бидејќи од готова работа сега се уште мораме да се грижиме за пласманот во финалето. Рома против Барселона веќе покажа дека може да направи чудо“, изјави Никол.