Дома Фудбал Англија Сте се запрашале ли некогаш како фудбалските ѕвезди купуваат автомобили? – Еве го одговорот!

Сте се запрашале ли некогаш како фудбалските ѕвезди купуваат автомобили? – Еве го одговорот!

Најпознатите фудбалери во англиската Премиер лига во својата колекција имаат и по неколку скапоцени автомобили со кои често пати се фалат на друштвените мрежи. Сте се запрашале ли некогаш на кој начин ги купуваат?

Ричард Кларк е сопственик на автокуќата „Премиер Спорт“ во Бурнемоут која се занимава само со продажба на скапоцени автомобили. Кларк не и е познат на јавноста, барме не кај нас. Станува збор за човек кој како што самиот кажа продал стотина авомобили само преку апликацијата „WhatsApp и во кого фудбалерите имаат голема доверба.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Џек Вилшер, Оливие Жиру, Дени Роуз, Ешли Јанг…Се само некои од имињата кои соработуваат со Кларк. Тој со работа започнал во 2005 година и за краток период стекнал голема доверба. Самиот Кларк тврди дека освен довербата негова предност е што тој знае што тие сакаат.

„Започнав да се занимавам со оваа работа откако се вратив од Кина каде што работев во неколку автокуќи. Во тоа време бев добар пријател со братот на Џејми Реднканп. Џејми тогаш сакаше едно Бентли, па отидов кај него и му продадов едно. Потоа им продадов автомобили на Лес Фердинанд и Тим Шервуд“, објаснуваше Кларк за „Тhe Sun“ како започнал со работа.

„На фудбалерите се обидувам да им овозможам најдобра услуга и тие секогаш се враќаат. Секој кој е млад, ѕвезда или фудбалер, доаѓа кај нас. Фудбалерите често ме препорачуваат на нивните пријатели и навистина сум им благодарен. На крајот на денот се се сведува на доверба. Во последните 12 години стекнав огромна доверба. Сите знаат каде да дојдат ако сакаат најдобра услуга. Горди сме што констатно добиваме нови клиенти“.

„Работиме со „Ланд Ровер“ и „Ламбурџини“ со цел да направиме најдобри договори за сите страни. Тие знаат како ние работиме, знаат дека ги сакаме најдобрите договори. Ние на играчите им нудиме договори какви што не можат да најдат никаде на друго место“.

„Да бидам искрен продадов преку стотина автомобили преку „WhatsApp. Причина за тоа е што фудбалерите не сакаат да одат по салони и да гледаат автомобили, не сакаат да бидат во таква ситуација. Тие сакаат само некого да побараат или да испратат порака: „Ова е автомобилот кој го сакам, можеш ли да ми го набавиш“. Покрај тоа како што кажав тука ги имаат најдобрите финансиски договори“.

„Фудбалерите не се глупави и знаат како светот функционира, па поради тоа се однесувам кон нив со голем респект“, изјави Кларк за „Тhe Sun“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …