Реал Мадрид синоќа се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампиони, а исто така го урна проклетството на Кристиано Роналдо.
„Кралевите“ за прв пат од 2004 година се пласираа во четвртфинале во елитниот турнир без Кристиано Роналдо во тимот.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Реал Мадрид во период од 2005 до 2009 година испаѓаше во осминафинале, а тоа се случи и претходните две години откако Роналдо си замина од тимот.
Роналдо оваа сезона со неговиот Јувентус беа елиминирани во осминафиналето од ЛШ од Порто.