Репрезентацјата на Србија во Даблин оствари голема победа над Ирска 1:0.
Србија во осмото коло од квалификациите стигна до нова победа и сега условно зачекори кон Мундијалот во Русија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Очекувано тежок натпревар во кој и едните и другите имаа шанса да остварат победа, но „Орлите“ на крајот беа поефикасни токму за тој еден погодок.
Имаше Митровиќ фантастична шанса во 32. минута, но Рондолф ја исфрли во корнер. До крајот на првиот дел уште Костиќ имаше прилика, но шутна високо преку голот, па на одмор се замина со резултат 0:0.
Србија до големата победа стигна благодарение на погодокот на Коларов по долгата акција во 55. минута. Гостите од 68. минута играа со играч помалку, бидејќи Максимовиќ заработи директен црвен картон/
Во 76. минута Ирците бараа пенал, но турскиот судија Чакир не се огласи. До крајот веќе не се промени, Србија се прослави со трите бода.
По победата Србија е на првата позиција со 18 бодови, Велс има 14, а Ирска 13 бодови.