Ракометниот клуб Охрид доби уште едно засилување за следната сезона, а тоа е српскиот интернациналец Никола Грубиќ.
Грубиќ доаѓа во Охрид од Дубочица Лесковац, а потпиша договор на две години со македонскиот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Среќен сум што ќе бидам дел од Охрид. Благодарам за довербата и се радувам на новите предизвици. Нека ни е со среќа и да оствариме што е можно подобар пласман и излез во Европа“, кажа Грубиќ.
Охрид претходно го ангажираше тренерот Горан Андоновски, а потпиша и со Тоше Очев, Даниел Андоновски, Зураб Цинцаѕе, Хазеин Рустамов и Владимир Бојаниќ.