Манчестер Јунајтед успеа да се пласира во финалето на ФА Купот, откако дури по пеналите го исфрли Ковентри.
Водството од 3:0 не беше доволно за избраниците на Тен Хаг да го одлучат победникот во регуларниот дел од мечот, па Јунајтед е тема на денот на Островот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Но, тема на денот е и најскапото засилување во ерата на Ерик тен Хаг и едно од најскапите досега во Премиер лигата, Антони.
Како што знаете, Бразилецот пристигна за околу сто милиони евра, а досега не оправда ниту десетина од инвестицијата.
Но, и покрај тоа, тој реши да го прослави победничкиот гол од исмевајќи се со второлигашите кои за малку не им направија пресврт од 3:0 негатива.
Неговата фотографија го обиколи светот, социјалните мрежи пламнаа, не се знае дали поради него или поради тоа што никој во екстаза не го прославува победничкиот гол со Расмус Хојлуд.
Антони сезонава одигра 34 натпревари, постигна два гола и додаде две асистенции. И си даде за право вака да се радува…
A championship club who were 3-0 down and robbed of a 4-3 win by VAR and this is the reaction from a player who is a £100 million flop.
— Ty Bracey (@TyBracey) April 21, 2024
There is nothing remotely good about Manchester United, rotten to the core. pic.twitter.com/CIbghIoNo3