Фотографијата од импровизиран македонски фудбалски терен, направена во Богородица се најде на официјалниот учебник за Физичко образование за 7-мо одделение во Бразил.
Министерството за образование на Пернамбуко –Бразил, фотографијата ја искористило на 18-та страна од учебникот, притоа со фуснота појасниле дека станува збор за терен во Богородица – Македонија.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
„На фотографијата е стадионот во Богородица ,фотографиран од мене во зимата 2009-та година“, ни потврди авторот Јован Атанасов.
Бразил е лулката на фудбалот и интересно е тоа што ја одбрале баш сликата од Македонија. Пернамбуко е република во Бразил која брои 9 милиони жители и најпознат е градот Ресифе во кој се играа и некој од натпреварите од Светското Првенство.
Притоа, во појаснувањето на фотографиата во фуснотата стои нашето уставно име, Богородица – Република Македонија.