Дома Фудбал Останато Спортинг и Ристовски остнаа без тренер, тројца кандидати за нов стратег на „лавовите“

Спортинг и Ристовски остнаа без тренер, тројца кандидати за нов стратег на „лавовите“

ristovski

Тимот на нашиот Стефан Ристовски, Спортинг Лисабон остана без тренер, а португалските медиуми веќе имаат информации кој би можел да биде новиот стратег.

Спортинг во наредниот период ќе биде предводен од Тиаго Фернандеш, но тој е само привремено решение.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Имено, лисабонските „лавови“ на големо бараат нов тренер, а според пишувањето на португалски „Рекорд“ три имиња се во игра.

Првото име е Паоло Соуса, поранешниот тренер на Фиорентина, кој како играч ги бранеше боите на Спортинг.

Посебно изненадува тоа што се споменува името на Жорж Жесус кој ова лето после разни случувања во клубот си замина, а во игра е и поранешниот тренер на Монако, Леонардо Жардим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Марка“ жестоко удри по асот на Реал Мадрид: Ако некој го најде, нека му јави на Анчелоти

Реал загуби со 3:0 од Арсенал во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионит…